Државниот правобранител за подрачје Велес, Борче Пинов (46) е човекот чие семејство во најтешките моменти покажа огромна хуманост, и по неговата смрт реши да ги донира неговите органи. Како што изјави министерот за здравство Венко Филипче, утрово на Клиниката за Урологија биле експлантирани два бубрега од 46 годишен пациент кај кој вчера беше потврдена мозочна смрт, објави fokus.mk.
-Во моментов, во тек е првата трансплантација на бубрег кај 35 годишна девојка која веќе неколку години е на дијализа, по што ќе следи и втората трансплантација. За жал, овој пат немавме соодветен примател на срцето и тоа нема да биде трансплантирано. Се заблагодарувам на семејството на донорот, кое во моментите на најголема болка одлучи да ги донира органите и да спаси уште најмалку два животи-изјави Филипче.
Текстот во целост на: fokus.mk