Православните христијани денеска го одбележуваат Велипеток

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
veliki-petok

Православните христијани денеска го одбележуваат Велипеток, денот на страдањата и смртта на Исус Христос.

— реклама —

Според преданијата, Исус починал во шестиот час од денот кога завесата на ерусалимскиот храм се преполовила, сонцето се затемнило, мртвите станале од гробовите, а сите ѕвона се распукале.

— реклама —

Оттогаш не бијат дрвени ѕвона на Велипеток, камбаните не се огласуваат сѐ до недела кога првпат ќе ја означат радоста за Христовото воскресение.

— реклама —

Овој ден уште се вика и Распет петок зашто тогаш е распнат Исус Христос.

На овој ден црквата предвидува строг пост, само со вода, а многу верници на Велипеток ништо не пијат, ниту јадат до зајдисонце.

Покрај постот, на денот на христијанската жалост не се работи на поле, а ниту во домот. Според христијанското учење, страдањето му претходи на воскресението, а без страдање и смрт – нема воскресение.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања