Промени тема
Контакт

Правото на штрајк е загарантирано, но интересот на децата мора да биде на прво место, вели Коциќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Во интерес на учениците и нивниот образовен процес, наставата мора да продолжи да се одвива непречено, вели Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ

„Нарушување на наставата може негативно да се одрази врз учениците и воспитно - образовниот процес.

Отсуството од наставата може да доведе до пролонгирање на школската година, негативно да влијае врз уписите, како и врз полагањето на стручен испит за околу 500 наставници.

Правото на штрајк е загарантирано, но интересот на децата мора да биде на прво место и до решение да се дојде преку дијалог.

— реклама —

Имајќи предвид дека за време на штрајк на наставниците им се исплаќа само основната плата и придонесите.

— реклама —

Низ дијалог, во изминатиот период успеавме платите да ги зголемиме од 3.200 до 6.400 денари. Низ дијалог ќе се реализира и новото покачување предвидено за оваа година.

Поголеми плати во образованието ќе има. СДСМ преку Владата што ја предводи во континуитет покажува вистинска грижа за образованието.

— реклама —

Затоа, уште еднаш апелираме СОНК да се врати на дијалогот, наставниците да се вратат на своите работни места и наставата да продолжи.

СДСМ продолжува со вистинска грижа за образованието, за наставниците и учениците“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања