Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Пред Велигден, ќе се реконструира дел од внатрешноста и надворешноста на црквите Св. Ѓорги и Св. Никита

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
IMG_0576

Денес секретарот на Општина Кисела Вода, Александар Алексовски и Зоран Ацевски, член на Советот на Општината беа во посета на една од најстарите цркви во Скопје, црквата Св Ѓорги, лоцирана во урбаната заедница Кисела Вода.

Таму секретарот и советникот остварија работна средба со отец Ангел од кој побараа да ги информира за состојбата и потребите на црквата.

— реклама —

— реклама —

При оваа средба тие направија увид околу нејзиниот двор, ја посетија и црквата Св. Никита која се наоѓа во истиот,  со цел да ги детектираат недостатоците, како би можела локалната самоуправа пред големиот христијански празник Велигден да излезе во пресрет за отстранување на проблемите кои постојат.

— реклама —

Во периодот што следува ќе се реконструира дел од внатрешноста и надворешноста на црквите Св. Ѓорги и Св. Никита, ќе се изврши санација на патот кој води до нив, а ќе се подобри и неговото осветлување.

Датирањето на црквата Св. Ѓорги според легендите се поврзува со времето на царот Јустинијан од почетокот на 6 век. Воедно, оваа црква е најпосетена од страна на верниците за празникот Ѓурѓовден, празник кој е патронат на Општина Кисела Вода. Во дворот на црквите постоел извор за вода по кој населението ја именувало населбата.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања