Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Предавникот Ковачевски ги продаде јазикот, историјата и идентитетот, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
03072022_PVRSM-Kovacevski_Mickovski_sredba_1

Портпаролката на ЕК кажа дека јазикот не е гарантиран. Тоа што е гарантирано е јазикот на кој зборуваат мнозинството граѓани во Македонија. Ова е предавство кое го започна Заев, а го спроведува Ковачевски, вели ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Дури и најголемиот бугарски шовинист Божидар Димитров, јавно кажа дека не верувал дека некој македонски политичар некогаш ќе каже дека македонскиот и бугарскиот јазик се исти, па згора на тоа и тоа да го потпише во договор и да го реализира.

— реклама —

Тоа што најголемите бугарски шовинисти не го помислувале, Заев и Ковачевски го спроведуваат.

Предавникот Ковачевски се обврза и за смена на учебниците. Тоа влегува во рамка. Промена на учебниците, откажување од националните херои, преиначување на историјата. И додека тие не се исполнат нема почеток на преговори, ниту напредок кон патот на Унијата.

— реклама —

Предавникот Ковачевски ја стави Македонија во подредена положба во однос на Бугарија и трајно ги уништи нашите преговарачки позиции. Предавникот Ковачевски насила спроведува бугаризација.

— реклама —

Предавникот Ковачевски треба да знае дека за овие велепредавства ќе одговара. И ќе има одговорност“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања