Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Предлог на ЛДП - неделите и празниците да се неработни и за вработените во трговијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
LDP

Либерално Демократската Партија се залага за целосно изедначување на статусот на работниците во приватниот сектор, со статусот на вработените во државните институции.

Согласно Законот за трговија, денеска, останатите празници, но и во неделите голем дел од трговските објекти работат, вели пратеничката Јулиана Николова.

— реклама —

За да се спречи ваквиот нееднаков третман ЛДП подготвува измени на Законот за трговија, кој ќе обезбеди неделите и празниците да бидат неработни за сите вработени во трговијата на мало, како што се продавниците, дуќаните и големите трговски центри, но и за вработените во трговијата на големо.

,,Сметаме дека поминувањето на повеќе време со семејствата е од големо значење за квалитетот на животот на поединецот, како и за целото општество.

— реклама —

Измените што ги предлагаме ќе придонесат за подобрување на условите за работа во приватниот сектор, за сметка на атрактивноста на државната администрација.

— реклама —

Нa овој начин ќе се зголеми продуктивноста на работниците, ќе се намалат обврските и трошоците на работодавачите, но и ќе се оневозможи нелојалната конкуренција.

Предлогот доаѓа од Форумот на жени на ЛДП, бидејќи морам да нагласам дека, најголем дел од вработените во трговија се жени, за кои, со оглед на семејните обврски, слободната недела и празниците се од исклучително значење“-изјави Николова.

— реклама —

Со оваа предлог измена се следи трендот на развиените европски земји, кои одат чекор подалеку и гарантираат соодветна рамнотежа помеѓу работните обврски и семејството. Овој принцип веќе го имаат воведено Германија, Австрија, Швајцарија и многу други земји членки на Европската унија.

Либерално демократската партија за овој законски предлог, кој наскоро ќе влезе во собраниска процедура, очекува поддршка од колегите пратеници и од владејачкото мнозинство и од опозицијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања