Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е издржан и во интерес на команиите и граѓаните, а добивката за граѓаните е двојна и преку цената на нафтените деривати, вели опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
kocoska

„Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е издржан и во интерес на команиите и граѓаните, а добивката за граѓаните е двојна и преку цената на нафтените деривати и преку цените на производите од маркетите. Зошто предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за акцизите е подобар од предлогот на Владата?“, вели Гордана Димитриеска-Кочоска од ВМРО-ДПМНЕ.

Гордана Димитриеска-Кочоска додава:

— реклама —

„Врз основа на податоците може да забележите дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ значи сегашната цена на моторен бензин 95 да биде 80,02 денари (во жолти линии) додека на владата е 82.30 денари (при намалување на цената на акцизата за 4 денари односно ја пресметав највисоката одбивка.

— реклама —

Имајте предвид дека зависно од цената на нафтата таа може да биде и 2 и 3 денари и така крајната цена ќе биде уште поголема) или граѓаните повеќе ќе плаќаат согласно предлогот на владата.

Што се однесува до транспортните компании согласно предлогот на ВМРО-ДПМНЕ ќе плаќаат 67,81 денар (во портокаловите линии) додека пак согласно предлогот на Влада ќе плаќаат 74,81 денар или 10% повеќе.

— реклама —

Напоменувам, ДДВ кај овие компании е одбитна ставка така што не влијае на трошоците или добивките. Значи наместо да ги намалат посериозно трошоците па тие да влијаат помалку на крајната цена на производите кои ги купуваме од маркетите тие прават “шминка“, а стандардот на народот само се влошува.

— реклама —

Да заклучам владата со “мудри“ математики сака да ги прелаже граѓаните дека се грижи за нив, но вистината е сосем друга и самите можете да ја увидите.

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е издржан и во интерес на команиите и граѓаните, а добивката за граѓаните е двојна и преку цената на нафтените деривати и преку цените на производите од маркетите“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања