Промени тема
Контакт

Предлогот од Париз води само кон асимилација на Македонците и бугаризација на државата, вели Томовски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Ivica-Tomovski-21.06.2022

Предлогот од Париз владата го прифаќа, а ВМРО-ДПМНЕ не го прифаќа, ајде на избори, народот нека одлучи, вели Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Дипломати во земјава и поранешни високи владини функционери потврдуваат дека владата на Ковачевски дала пас за предлогот од Париз.

Предлогот за ставање на бугарските барања во рамките на преговорите со ЕУ е одобрен од Ковачевски и Османи, и тој мора да поминал низ каналите на комуникација помеѓу МНР и Француската Република.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ не калкулира со македонските национални интереси, како што тоа го прави СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ го отфрла предлогот од Париз и смета дека тој води само кон асимилација на Македонците и бугаризација на државата. Предлогот не почива на европските вредности, туку на правилото на посилниот.

— реклама —

Ковачевски кој дал дозвола за предлогот да биде пуштен во јавноста, треба да собере храброст и да го признае тоа пред јавноста. Ниту еден наш партнер нема да прави никаков чекор, без притоа за тоа да добие усогласеност на ставовите помеѓу двете страни.

Ковачевски е виновен што воопшто го прифатил овој предлог. И со тоа направил голема штета.

— реклама —

Но еве, доколку Ковачевски смета дека предлогот е добар, тогаш ајде на избори. Тој со ставот дека предлогот од Париз е добар и дека според него треба да се реши проблемот со Бугарија, а ВМРО-ДПМНЕ со ставот дека предлогот е штетен за нацијата и државата и дека треба веднаш да биде отфрлен. Па народот нека избер“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања