„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Предложени парични казни за угостителски објект кој работел спротивно на здравствените прописи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
ojo-1

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно физичко и едно правно лице за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик.

— реклама —

Обвинетиот, во својство на овластено лице во правното лице во чија сопственост бил угостителски објект, на 3 октомври постапил спротивно на донесените протоколи за работа на угостителските објекти за исхрана во услови на пандемија на опасна заразна болест. На критичниот ден, во објектот лоциран на улица „Дебарца“ дозволил послужување на гости на стоење, иако тоа согласно протоколите е забрането, и не обезбедил пропишано растојание меѓу масите во објектот.

Со ова физичкото лице се товари дека го сторило кривичното дело согласно став 1, а правното лице – согласно став 2 од наведениот член на Кривичниот законик. Надлежниот јавен обвинител на Основниот кривичен суд Скопје му предложи да изрече парична казна од 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 50 евра за обвинетиот граѓанин, како и парична казна од 300.000 денари за обвинетиот правен субјект.​

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања