„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Предметите на СЈО пред застарување, Никола Груевски може да се спаси од пресуда

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
gruevski-so-novinar-696x356

Ако до 10 октомври нема правосилна пресуда за Никола Груевски, тој ќе се спаси од затворска казна за случајот „Траекторија“ поради застареност. Адвокатите на обвинетите за ИРЛ велат дека шансите за пресуда се никакви, бидејќи за три недели невозможно е да има простепена, а камоли правосилна пресуда од Апелациониот суд, што е неопходно за да се запази рокот и случајот да не застари.

— реклама —

Обвинетиот Никола Груевски одбројува до 10 октомври, а обвинителката Лиле Стефанова која го застапува случајот пред суд денеска не се појави на рочиште. На барање на СЈО и Републичкото јавно обвинителство судењето се одложи, бидејќи неизвесно е дали и натаму Стефанова ќе биде обвинител во овој случај.

„Траекторија“ е „најтешкиот“ предмет кој го отвори СЈО. Груевски, заедно со поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и бившиот директор на ЈП за државни патишта Љупчо Георгиевски се обвинети дека го оштетиле буџетот за 155 милиони евра. Четворицата се гонат за финансиски проневери при изборот на фирма за изградба на автопатите Кичево – Охрид.

— реклама —

Повеќе на ИРЛ.МК

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања