Денеска (23.12.2023) во 01.10 часот во СВР Скопје А.Г.(37) од Скопје пријавил дека околу 00.20 часот во угостителски објект во с.Трубарево, бил физички нападнат од Г.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (23.12.2023) во 03.00 часот во СВР Скопје В.М.(64) од Скопје пријавила дека околу 01.00 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син физички бил нападнат од две лица кои ги познавал. Тие претходно имале недоразбирање. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (23.12.2023) во 02.00 часот во СВР Скопје, било пријавено дека пред казино на подрачјето на Карпош, А.В.(33) од Скопје кој бил вработен како обезбедување бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.