„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Предпремиера на „МАКЕДОНИСИМО“ на македонскиот пијанист Трпчески во струшкото село Збажди

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
Simon

Во предвечерието на големиот христијански празник Голема Богородица, македонскиот пијанист од светски глас Симон Трпчески на 27 август ќе ја изведе претпремиерата на својот проект „МАКЕДОНИСИМО“ во родното место на неговиот татко, струшко село Збажди.

— реклама —

Во рамки на проектот на оригинален начин се обработува македонската народна музика од страна на нашиот композитор, Панде Шахов.

„МАКЕДОНИСИМО“ – квинтетот го сочинуваат и Александар Краповски на виолина, Александар Сомов на виолончело, на кларинет, саксофон и на кавал Хидан Мамудов, а зад удиралките е Влатко Нушев.

— реклама —

Инаку, Трпчески ја заврши својата концертна сезона 2021/22 со концертот во петокот, на 5 август на светски познатата сцена „Театро Колон“ во Буенос Аирес, каде заедно со Филхармонискиот оркестар на Буенос Аирес под диригентската палка на перуанецот Давид дел Пино Клинге, го изведе Вториот концерт за пијано и оркестар од Рахмањинов. На овој концерт му претходеа и концертите во Хрватска (рецитал во Загреб во рамките на „Гричките вечери“), Јужна Кореја (со рецитал и на барање на публиката повторна изведба на „МАКЕДОНИСИМО“), Соединетите американски држави (со Грант Парк оркестарот на престижната отворена сцена во Чикаго), а во Отава, Канада во рамките на „Камерниот музички фестивал“ се случи и северноамериканската премиера на проектот „МАКЕДОНИСИМО“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

IMG_1584

Новогодишна музичка идила со Симон Трпчески и пријателите - концерт на 20 декември во арената „Борис Трајковски“

Магазин | пред 1 година

Simon

Трпчески: Никогаш нема да користам одредница пред името, апсолутно сум горд што сум од Македонија

Магазин | пред 2 години

thumbnail_LARA-I-PRIJATELITE-foto-br.2-namalena

(ВИДЕО) Ќерката на Симон Трпчески препеа хит од Тоше

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања