Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Предупредување за туристите во Грција: Забележан волк кај познато езеро

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-librarymcprpl80qeiueewAkrH
фото: unsplash

Грчките власти предупредија дека во близина на Јанинското Езеро е забележан волк.

— реклама —

Градските власти на Јанина соопштија дека, по пријави од граѓани за појава на дива животна во подрачјето покрај езерото, заменик-градоначалникот Арис Касис веднаш стапил во контакт со надлежните служби на Шумската управа во Јанина, кои се одговорни за постапување во вакви ситуации.

— реклама —

Според информациите, надлежните служби се наоѓаат на терен во популарната пешачка зона за да утврдат за какво животно станува збор, иако се претпоставува дека е волк, пренесува „Катимерини“.

Во соопштението се наведува дека општината Јанина, иако не е надлежна за управување со диви животни, реагирала брзо бидејќи животното се појавило во градско подрачје каде секојдневно се движат спортисти и семејства.

— реклама —

Надлежните служби посочиле дека ова не е прв ваков случај во областа и дека слични инциденти биле регистрирани пред околу две години, што се поврзува со постоењето сточарски фарми во поширокиот регион.

— реклама —

Општината апелираше граѓаните и туристите да не му приоѓаат на животното, да не го хранат и да не се обидуваат да го фотографираат одблиску, а во случај повторно да биде забележано веднаш да ја известат Шумската управа во Јанина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања