Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Предвремени избори во Австрија се неизбежни - Курц ја распушти Владата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет

Австрискиот канцелар Себастијан Курц, лидер на австриската народна партија (ОВП), ја распушти владата и најави предвремени избори во најкус можен рок. Ваквата негова одлука е последица на скандалот во кој е вмешан коалициониот партнер, Слободарска партија на Австрија (ФПО).

„Можев лесно да се одржам на власт со промена на луѓе во владата и да се правам дека ништо не било. Или да извршам летечка промена со внесување на Социјалдемократската партија (СПО) и повторно да добиеме ист застој во функционирање на владата, нешто што го критикувам со години и што не ` треба на нашата земја. За мене лично тоа не е прав пат бидејќи влегов во политиката да направам нешто за земјата и граѓаните, а не само да заземам некоја функција“, истакнал Себастијан Курц  откако ја соопштил својата одлука за предвремени избори.

— реклама —

Претседателот на Австрија Александер ван дер Белен синоќа изјави дека со однесувањето на поедини членови на австриската влада е загубена довербата во институциите и извалкан е угледот на Австрија, поради што предвремени избори се неизбежни.

Инаку скандалот кој ја тресе владата го предизвика досегашниот вицеканцелар Хајнц Кристијан Штрахе кој веќе поднесе оставка на функцијата по објавата на тајна видео снимка направена на Ибица во 2017 година што покажува како на наводна ќерка на руски милијардер и нуди државни бенефиции во замена за финансиска помош на неговата партија.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања