На 20.09.2019 во 10.30 часот на ул.„Перо Наков“ во Скопје, патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.В.(47) од Скопје, удрило во пешакот Б.Ѓ.(41) од Скопје.
Во незгодата, Б.Ѓ. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.