Промени тема
Контакт

Прегазено мече на патот Гостивар -Кичево

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
mece

На магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на здуњски мост утрово е пронајдена усмртена мечка, која била прегазена од возило. Увид на местото изршила екипа на крим-техника од ПС Гостивар.

Според првичните сознанија од увидот, мечката најверојатно на возраст од 2-3 години била удрена од возило и од повредите угинала. Младата мечка е најдена во непосредна близина на излезот од Гостивар до паркингот кај Здуњски мост.

Случајот бил пријавен во полиција и во Инспекторатот за земјоделие шумарство и водостопанство по што ќе биде појасно како дивото животно се нашло во непосредна близина на населено место.

Првичните сознанија укажуваат дека мечката, тешка околку 120 килограми, најверојатно била прегазена од товарно возило. На патот може да се забележат и траги од кочење.

— реклама —

— реклама —

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања