На патниот правец Маврово - Дебар и обратно, во близина на манастирот „Св.Јован Бигорски“, поради свлечиште, сообраќајот е во целосен прекин.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот. Врнежи на снег со променлив интензитет има на целата територија на Македонија. Поради ниските температури можна е и појава на голомразица.
Забрана за движење на тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово - Дебар, Гостивар - Кичево преку планинскиот премин Стража, Кичево – Охрид преку планинскиот премин Пресека, патниот правец Прилеп - Макакедонски Брод преку планинскиот премин Барбарос, на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан, како и на патниот правец Тетово - Попова Шапка, каде забраната важи и за автобуси, а за останатите возила е задолжително користење на зимска опрема (синџири).