Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Прекин на струја и вода во неколку скопски општини

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Скопје
close-up-burning-lamp-dark-copy-space

Од ЕВН Македонија информираат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на 07.05.2026 година (четврток) без електрична енергија ќе останат повеќе делови од Скопје.

— реклама —

Во периодот од 08:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат дел од улиците „Милан Мијалковиќ“ и „Кавалска“ во Кисела Вода, како и целото село Морани и викенд населбата Морани во Студеничани.

— реклама —

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје известуваат дека на истиот ден, поради дефект во шахта и монтажа на водомер на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“, спроти Католичката црква, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на оваа улица во Центар. Прекинот ќе трае од 09:00 часот до завршување на работните активности.

— реклама —

Дополнително, на 08.05.2026 година (петок), поради технички зафати во трафостаница во ПС Бутел од страна на ЕВН, можно е делови од населбите Бутел, Радишани и Кучевишка Бара да останат без вода или да имаат намален притисок. Активностите ќе започнат во 05:00 часот и ќе траат до нивно завршување.

— реклама —

Надлежните апелираат граѓаните навреме да се подготват за прекините.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања