Надлежните служби повторно го воспоставија воздушниот сообраќај на аеродромот во Луксембург, откако синоќа летовите беа привремено прекинати поради забележани „неовластени системи на беспилотни летала“, односно дронови, во близина и над аеродромот.
Од единствениот меѓународен аеродром во Луксембург соопштија дека прекинот на сообраќајот во петокот бил воведен како превентивна мерка за безбедност на патниците, екипажите, аеродромскиот персонал и авионите.
Засега не се соопштува од каде потекнувале дроновите, ниту кој управувал со нив.
Иако летовите повторно се реализираат, од аеродромот предупредуваат дека се можни дополнителни доцнења и нарушувања на редовниот распоред додека авиокомпаниите и партнерите на аеродромот работат на нормализирање на сообраќајот.
Аеродромот во Луксембург, кој е главно сообраќајно јазло на националниот авиопревозник „Луксeр“, продолжува да ја следи ситуацијата во координација со надлежните институции.