Промени тема
Контакт

Прекинот на наставата може сериозно да им наштети на учениците, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2021-09-06-at-11.05.33

Интересот на децата и образовниот процес треба биде заеднички приоритет, вели СДСМ

„Прекинот на наставата може сериозно да се одрази врз наставниот процес и да им наштети на учениците.

За негативните последици од прекинот на наставата предупреди и УНИЦЕФ, најголемата меѓународна организација за помош на децата во светот.

Ако се продолжи со прекин на наставата, учениците и наставниците ќе се соочат со пролонгирање на школската година или ќе мора изгубените часови да се надоместат со настава во сабота.

— реклама —

Прекин на наставата може да им наштети на уписите, на државната матура, но и на околу петстотини наставници кои треба да полагаат стручен испит.

Затоа апелираме СОНК да се врати на разговорите, да продолжи социјалниот дијалог, само така ќе може да се дојде до решение.

Владата предводена од СДСМ покажа слух и разбирање за сите граѓани, за сите работници. Покажа дека го вреднува трудот на наставничките, воспитувачките, учителите, на сите.

— реклама —

За период од четири и пол години платите во образованието се зголемени од 3.200 до 6.400 денари.

Покрај инвестициите во човечкиот капитал, реализиравме бројни проекти за подобрување на условите за работа на наставниот кадар преку изградба и реновирање на училишни објекти.

— реклама —

Раст на платите во образованието ќе има, како и досега заедно со сите засегнати страни низ дијалог ќе дојдеме до решение кое е во интерес на наставниците.

Дијалогот ќе продолжи, наставниците ќе добијат повисоки плати, но во процесот на изнаоѓање решенија, учениците не смеат да трпат последици“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања