Од денеска на две локации во Скопје, во Карпош и Лисиче, два уреди ќе собираат податоци за квалитетот на воздухот 24 часа на ден во текот на наредните 12 месеци. Со ова почнуваат теренските истражувања во рамки на Студијата за пропорционирање на загадувачите и се очекува анализата на податоците од овие уреди прецизно да ги открије поединечните извори на загадувањето на воздухот во главниот град, објави 360stepeni.mk.
„Собраните примероци од уредите поставени во Карпош – урбана област и Лисиче – област со индустрија, сообраќај и резиденцијална зона, кои ќе земаат агрегирани 24 часовни примероци на ситните фракции на честички ПМ 2,5 ќе бидат анализирани со користење на референтни методи и строги аналитички протоколи и врз основа на тоа ќе бидат изработени модели кои овозможуваат поврзување на измерената маса на поедини загадувачки материи на дадена локација, со групи на извори на загадување“, соопштија од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) која го спроведува овој проект.
Студијата, појаснуваат од УНДП, се очекува да покаже кои се поединечните загадувачи во Скопје.
Текстот во целост на: 360stepeni.mk.