Промени тема
Контакт

Преку вложување во развој на дигиталните вештини до нови работни места

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Повеќе од 43 милиони денари за развој на дигитални вештини и нови работни места се предвидени во новиот Оперативен план за вработување за 2019 година, усвоен на Влада, велат од Министерството за информатичко општество и администрација.

„Со оваа мерка се опфатени 1.323 невработени млади лица до 34 години, кои преку најразлични обуки и прекфалификации ќе можат да се вработат.

Целта на мерката е преку обука да се задоволат потребите од побарувани дигитални вештини, како и потребите од напредни ИТ вештини.

— реклама —

По завршувањето на учеството во предвидените мерки, невработените лица кои нема да се вработат, ќе имаат можност за искористување на други програми и мерки од Оперативниот план.

— реклама —

Новите работни места и потребите од преквалификација и стекнување на дигитални вештини се подговени заедно со работодавците.

Оперативниот план за вработување за 2018 година имаше високи 95% реализација, а очекувањата се планот за 2019 година да има уште поголем успех.

— реклама —

Носител на Оперативниот план е Министерството за труд и социјална политика, а неговата имплементација е во надлежност на Агенцијата за вработување на Република Македонија, во партнерство со други одговорни институции“, велат од МИОА.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања