Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Преку законски измени државата ќе го решава проблемот со бездомните кучиња

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Владата на денешната седница иницирала измени на Законот за здравствената заштита и благосостојбата на животните.

— реклама —
— реклама —

Како што соопшти владината прес-служба, во насока на решавање на проблемот со бездомните кучиња, Владата го задолжила Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, заедно со Агенцијата за храна и ветеринарство, со ЗЕЛС, како и во соработка со граѓанските организации за правата на животните, во најкус период да подготви законски измени.

— реклама —

Проблемот со бездомните кучиња повторно деновиве е актуелен. Викендов повеќе здруженија за заштита на животните протестираа барајќи примена на хумани методи за бездомните животни и трајно решение на проблемот со обезбедување дом за секое животно. Дополнително, денеска, јавноста ја потресе и случајот со девојката, која бегајќи од кучиња, се удави во Вардар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања