Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Премиер ли е, алваџија ли е, ниту кафиња, ниту тајни средби ќе има, работите се пресериозни за државата, вели ВМРО-ДПМНЕ за Ковачевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
kovacevski-mickoski

„Денес секој одговор на премиерот Ковачевски на новинарски прашања му завршуваше со стандардната реченица: 'прашајте ја надлежната институција'“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:

„Ставот на Ковачевски зошто пропадна тендерот Чебрен, му беше „прашајте ја надлежната институција“.

— реклама —

Ставот на Ковачевски зошто ТИРЗ троши милиони за градба на паркиралишта и тоа преку омилената Стентон градба му беше, „прашајте ја надлежната институција“.

— реклама —

Ставот на Ковачевски до каде е ветувањето за намалување на платите на функционерите кое самиот тој го најави пред една година, му беше „прашајте ја надлежната работната група“.

— реклама —

Ставот на Ковачевски за смените во Судскиот совет му беше „моите гледишта се истите како и на странските амбасадори“.

Оттука се поставува прашањето на што е премиер Ковачевски. Премиер ли е, алваџија ли е.

Откако Ковачевски и здосади јавноста со најави за тајни средби, сега вели ќе сакал кафе средба со Мицкоски на улица Македонија.

Ако на Ковачевски му е до кафиња, треба да знае дека на Македонија и се плаче од такви како него .

Ниту тајни средби, ниту кафиња по кафулиња ќе има. Работите се пресериозни од паушалните и детски недораснати игри на Ковачевски.

Во Македонија никогаш не се живеело полошо.

И затоа важно е да бидат поразени“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања