„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Премиера на „12“ - претставата е посветена на Мирко Попов

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Магазин
IMG-15f34b74461f1c5cc120e2ae4b68f43a-V

На 20 ноември на големата сцена со почеток во 20:00 часот ќе се случи долго очекуваната изведба на претставата „12“ во адаптација и режија на Синиша Евтимов, работена по мотивите (12 Angry Men) од Реџиналд Роуз.

— реклама —

Евтимов ја обедини најмоќната машка актерска екипа: Ѓорѓи Јолевски, Гораст Цветковски, Тони Михајловски, Никола Ристановски, Благој Веселинов, Александар Микиќ, Игор Џамбазов, Јордан Симонов, Сенко Велинов, Оливер Митковски, Владо Јовановски, Сашко Коцев, како и Тања Ивановска (Судија).

Приказната ја следи поротата од 12 луѓе додека размислуваат дали да осудат или да ослободат 18-годишен обвинет врз основа на разумно сомневање, принудувајќи ги поротниците да ги испитаат сопствените морални вредности.

— реклама —

Одбраната и обвинителството ја завршиле својата работа, а поротата е испратена во посебна просторија за да одлучи дали младиот човек е одговорен за убиството на сопствениот татко. Она што изгледа како лесна одлука, наскоро станува бура од емоции во која на виделина излегуваат сите мани и предрасуди на поротниците. Единствениот кој се противи на смртната казна и се сомнева во доказите што ги изнесува обвинителството е поротникот број 8.

Асистент на режисерот е Борјан Стојков, костимограф е Александар Ношпал, сценограф и дизајнер на светлото - Мартин Манев, а музиката е на ПМГ Колектив.

Претставата е наменета за возрасна категорија 16+. Таа е посветена на прерано починатиот Мирко Попов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

3-2

(Видео) Општина Валандово постхумно му додели највисоко признание на Мирко Попов

Магазин | пред 1 година

2-8

Специјални музички миксови и „ПМГ си ти“ – настан за роденденот на Мирко Попов

Магазин | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања