„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Премиера на македонскиот филм во Брисел: „Диџеј Ахмет“ ја воодушеви европската публика

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Магазин
media-libraryp0rqbqbaqcmk3kukgRF

Вчеравечер во „Синема галери“ во Брисел се одржа европската премиера на македонскиот филм „Диџеј Ахмет“, режисерско деби на Георги Унковски, со присуство на претставници на европски институции, дипломати и филмски професионалци. Министерот Зоран Љутков оцени дека прикажувањето во срцето на Европа е значаен успех и потврда за квалитетот и меѓународниот потенцијал на македонската кинематографија, нагласувајќи ја важноста на копродукциите и меѓународната соработка. По проекцијата се одржа панел-дискусија за улогата на копродукциите во европскиот аудиовизуелен сектор, како потврда за активното присуство на македонската култура во Европа.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Вчеравечер во „Синема галери“ во Брисел се одржа европската премиера на македонскиот игран филм „Диџеј Ахмет“, режисерското деби на Георги Унковски, настан што го привлече вниманието на претставници на европските институции, дипломати, филмски професионалци,  гости и љубители на седмата уметност.

— реклама —

Пред почетокот на проекцијата, пред присутните се обрати министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој истакна дека прикажувањето на македонски филм во срцето на Европа претставува значаен успех и силна потврда за квалитетот на домашната кинематографија.

Чест ми е што вечерва, овде во срцето на Европа, во Брисел, го одбележуваме  премиерното прикажување на македонскиот игран филм  „Диџеј Ахмет“. По оваа проекција, верувам дека сите ќе почувствуваме колку филмот може истовремено да биде длабоко локален по својата приказна, а сепак универзален по емоцијата и пораката што ја носи“, истакна министерот Љутков.

Тој упати искрени пофалби до авторскиот и продуцентскиот тим, нагласувајќи дека филмот претставува уметничко остварување што достоинствено ја претставува државата на европската сцена и е доказ за зрелоста, креативната храброст и меѓународниот потенцијал на македонската кинематографија.

— реклама —

Тој додаде дека филмот е резултат и на силна меѓународна соработка и доверба меѓу партнерски институции.  Тоа е потврда дека кога се работи заеднички, може да се создаде вредност што ги надминува границите и говори на јазик разбирлив за сите.

Ова не е само уметничко дело, туку резултат на соработка, доверба и заедничка визија. Копродукциските проекти се одлична можност нашите автори и продуценти да станат дел од поширока европска мрежа, да добијат пристап до нови пазари и нова публика и на тој начин малите кинематографии да бидат рамноправен и видлив дел од европскиот аудиовизуелен простор“, рече министерот.

По проекцијата се одржа панел-дискусија посветена на улогата и значењето на копродукциите во европскиот аудиовизуелен сектор.

Премиерата и панел-дискусијата претставуваат уште една потврда за активното присуство на македонската култура на европската сцена и за континуираната заложба за продлабочување на соработката со европските партнери.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања