Премиера на претставата „Лагата“ на 15 окомври во МНТ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
foto

Лагата како феномен, дали и колку е дозволено да се лаже, ќе биде водечка тема на претставата „Лагата“ која ќе биде премиерно одиграна на 15 октомври на сцената на Македонскиот народен театар. Комичната претстава е работена според текст на современиот француски писател Флоријан Зелер, а е во режија на Бесфорт Идризи.

— реклама —

Дел од актерската екипа се: Јордан Симонов, Габриела Петрушевска, Оливер Митковски и Драгана Левенска.

— реклама —

Според режисерот, „Лагата“ е текст што говори за тоа колку можеме да бидеме искрени особено во интимните односи, односно кога, колку и дали воопшто е дозволено да се лаже. Иако при првиот контакт со текстот може да се добие впечаток дека негова главна тема е брачниот однос или неверството, сепак, како што и самиот наслов навестува, тоа со што се занимава текстот, а наедно и претставата, е лагата како феномен.

— реклама —

Следните изведби се закажани на 21 и 29 октомври со почеток во 20:00 часот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања