Премиера на театарската претстава „ОДЛУКА“ во режија на Хана Миленовска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин

Денес и утре (5 и 6 март), со почеток од 20 часот во МКЦ ќе се одржи премиера и втора изведба на „ОДЛУКА“ - театарска претстава во режија на Хана Миленковска.

— реклама —

„Одлука“ е уметничко истражување за носењето одлуки, чиј краен исход е театарска претстава. Секојдневно сме соочени со низа избори кои мора да ги направиме, некогаш мали и бенигни, некогаш непријатни. Во ова дело, ние, авторите, решивме тргнувајќи од себе од различни агли да ги набљудуваме сопствените ограничувања, начините на кои сме условувани да размислуваме, препреките што сами си ги создаваме.

— реклама —

Да се создаде чисто гледливо парче театар без никаков материјален влог освен нашето време, здравје и волја, се покажа како поголем предизвик од очекуваното. За среќа налетавме на одлични сојузници по пат.

— реклама —

Тргнавме од тоа дека ќе ги анализираме одлуките што сме ги донеле досега, како поединци, но и како општество, па можеби ќе разбереме што отсега. Не сме сигурни што разбравме, но знаеме дека ни е важно тоа што го направивме. Не сме убедени во исходот, но важно ни е некој ова да го види и чуе. Се боревме да бидеме разговетни и смели кон себе и светот. Сфативме дека сме способни да сме кохерентни онолку колку што светот во кој живееме има смисла.

И одлучивме дека тоа е во ред.

Продуцент: Дино Чупевски

Графички дизајн: Матеја Николиќ

Логистичка поддршка КСП - Центар Јадро

Стручни соработници: Дамјан Дуковски, Владимир Лукаш, Евгенија Здравевска,

Владимир Димовски, Калија Киселички, Драган Теодосиев, Јоана Ристевска

Настанот ќе биде организиран со почитување на актуелните ковид-протокли.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања