Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Премиерот го потврди состанокот со Арсовска, тврди Андоновски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
Andonovski-15.10

„Постои состанок минатата недела, кој премиерот го потврди дека помеѓу градоначалничката Арсовска и премиерот со присуство на еден градоначалник од скопските општини имало состанок на кој се дискутираат дел од јавните набавки кои ги врши градот Скопје односно ЈСП за набавка на гориво“, рече Советникот во Град Скопје и секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ Стефан Андоновски во вечерашното гостување во емисијата „Клик Плус“ на Телевизија 21.

— реклама —

Андоновски посочи дека директор на ЈСП кој легално должи пари и го има како долг кон приватните превозници од 1,5 милион евра е директор на ЈСП кој доаѓа од СДСМ, од нивната општинска организација од општина Аеродром , а во исто време поранешен помошник директор во ЈСП поставен во времето на претходниот директор во ЈСП од Чушков во времето на Петре Шилегов.

— реклама —

„Тој е поставен како раководител на автобаза. Овој човек е вработен во времето на СДСМ и извршувал високи функции во времето на СДСМ и во времето на градоначалничката Арсовска е назначен како нејзин предлог за директор“, рече Андоновски.

— реклама —

Андоновски потенцираше дека токму поради овие аспекти тие велат дека постои спрега помеѓу овие луѓе и институции и таа спрега треба да најдат начин како да ја надминат.

Андоновски е дециден дека Градот Скопје има финансиска обврска кон приватните превозници и таа финансиска обврска треба да си ја исполни, а приватните превозници се спремни да го тужат Градот Скопје затоа што должи пари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања