Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Премиерот Ковачевски за „Еуроњуз“: Имаме стабилни економски политики и во време на кризи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2022-03-10-at-16.33.20

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски во интервју за европската телевизиска мрежа „Еуроњуз“ говори за актуелни прашања, за одржувањето на економската стабилност во земјата и за напредокот и за стратегијата на Владата за полноправно членство во ЕУ, истакнувајќи ја новата енергија во дијалогот со Бугарија, која ќе помогне за совладување на предизвиците и започнување на преговорите со Европската Унија.

— реклама —

„Борбата против криминалот и корупцијата даде резултати со подобрување на нашата позиција во извештаите на Транспаренси интернешнл, сега станавме земја во која има демократски услови, додека во минатото имаше недостатоци во демократските процедури во земјава, и сме мошне среќни поради ова подобрување“, вели премиерот Ковачевски за „Еуроњуз“.

— реклама —

Тој во интервјуто додава дека макрофинансиската помош на Европската Унија помогна многу, не само од перспектива на чиста финансиска помош, туку и од аспект на продолжување со реформите коишто ги започнавме во областа на управувањето со јавните финансии и во другите области.

— реклама —

„Ова, исто така даде јасен сигнал до другите меѓународни финансиски институции и донатори со кои соработуваме, дека имаме стабилна економска политика во време на кризи“, оцени премиерот Ковачевски кој се осврна и на обезбедената редовна координација со институциите на ЕУ во насока на зајакнување на јавните институции со цел соодветно остварување на потребните реформи.

— реклама —

Премиерот Ковачевски за „Евроњуз“ повтори дека Северна Македонија има јасна стратешка цел да стане полноправна членка на евроатлантските асоцијации. Тој ги истакна придобивките од членството во НАТО како 30-та земја членка, и додаде дека новиот дијалог со неговиот бугарски колега Кирил Петков е со цел да се врати довербата меѓу двете земји за да се поттикне остварувањето на аспирацијата на земјата за членство во Европската Унија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања