Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Премиерот најави масовната имунизација кон крајот на месецов или почетокот на следниот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
15012021_PVRSM_Zaev_intervjuKapital-2

Премиерот Зоран Заев очекува кон крајот на месецов или почетокот на следниот да започне масовната имунизација во земјава.  Тој денеска изјави дека кон крајот на месецов, се очекуваат првите количини преку Ковакс системот, а следната недела и вторите дози од руската вакцина „Спутник“ со која се вакцинираат здравствените работници.

— реклама —

„ Она што го знаеме по сите информации е дека на крајот на март ги очекуваме првите количини од Ковакс системот. На 30-ти доаѓа министерот за одбрана на Кина и веруваме дека ќе донесе попрецизна информација кога ќе стигнат и кинеските вакцини. Мислам дека кон почетокот на следната недела ќе стигнат и вторите дози од „Спутник“ кои се користат за здравствените работници, изјави Заев по посетата на фабриката „Брако“ во Велес.

Премиерот додаде дека САД,  можеа од 850 илјади вакцини, дневно да одвојат две илјади вакцини или 20 илјади за регионот којшто не е во ЕУ, а е кандидат за членство.

— реклама —

„Србија се снајде и со своите позиции – НАТО неутрална, направи чекори порано. Ние сите други направивме чекори подоцна и денес сме во иста ситуација. Но, во сложена и комплицирана ситуација се и САД и земјите членки на ЕУ. Буквално и таму атмосферата е иста додека трае процесот на вакцинација“,  истакна Заев.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања