Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Премиерот најави владина реконструкција и порача: Подготвени сме за избори ако има предизвик

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryjvn9js2q99fm2KKyvRs

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека по прославата на роденденот на ВМРО-ДПМНЕ, која ќе се одржи на 17 јуни во Струмица, ќе започнат разговори со коалициските партнери за реконструкција на Владата.

„Следната недела по роденденот на ВМРО-ДПМНЕ кој е на 17 јуни во Струмица, следниот ден почнуваме со владините коалициони партнери за реконструкција на Владата“, изјави Мицкоски.

Во однос на ставот на СДСМ дека нема да бидат алиби за предвремени парламентарни избори, премиерот повтори дека позицијата на Владата е мандатот да се заврши до редовните избори.

— реклама —

„Нашиот став е да нема предвремени избори, ние сакаме да одиме на редовни избори. Доколку сме предизвикани, се разбира мора да сме подготвени. Немаме намера да предизвикаме предвремени избори. А ако бидеме предизвикани, одиме и ќе победиме“, рече Мицкоски.

Тој упати критики кон опозицијата, оценувајќи дека наместо конкретни политики нуди навреди и политички конфронтации.

— реклама —

„Во нашиот случај имаме опозиција која има пет политички камикази, излегуваат во јавност, навредуваат, растураат пердуви. Еве начин да покажат, ако се толку силни, да видиме што ќе биде“, изјави премиерот.

— реклама —

Коментирајќи ја најавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дека во иднина ќе се повлече од челната позиција во партијата, Мицкоски рече дека станува збор за внатрешно прашање на ДУИ.

„Тоа се нивни внатрешни работи. Не би сакал ни другите политички партии да се занимаваат со ВМРО-ДПМНЕ, ниту јас со нивните внатрешни работи“, изјави Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања