Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Премиерот Спасовски предводеше владина делегација која положи свежо цвеќе пред споменикот на Светите браќа Кирил и Методиј, по повод Денот на сесловенските просветители

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
22052020_VRSM_Delegacija_polozhuvanje_buket_24-Maj_Sv.Kiril-i-Metodij-1

— реклама —
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, министерот за образование и наука Арбер Адеми и министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, во име на Владата на Република Северна Македонија, по повод државниот празник 24 мај - „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители, денеска положија букети свежо цвеќе пред споменикот на Светите браќа Кирил и Методиј, во кампусот на универзитетот во Скопје.

— реклама —

— реклама —

— реклама —

Премиерот Оливер Спасовски и министрите Адеми и Апостолска имаа и кратка средба со ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Никола Јанкуловски, на кого му ги пренесоа честитките по повод државниот празник 24 мај - „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители, со порака за поддршка на автономноста на универзитетот како научна, високо­образовна институција, кој обезбедува наставна, научна и апликативна дејност во природно-математичките, техничко-технолошките, медицинските науки и здравството, биотехничките, општествените и хуманистичките науки и во уметностите, и која е посветена на негувањето и на интернационалната афирмација на традиционалните обележја и вредности на македонскиот народ и на негувањето и промоцијата на културните вредности на другите етнички заедници во земјата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања