Промени тема
Контакт
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања

Премиерот Спасовски упати телеграма со сочувство за смртта на легендата на македонската кошарка Благоја Георгиевски Буштур

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
bastur

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски упати телеграма со сочувство до семејството на Благоја Георгиевски Буштур, кој го загуби животот во трагична сообраќајна несреќа.

„Со загубата на великанот на македонската и на некогашната југословенска кошарка, останува голема празнина зашто замина спортист и личност која беше пример и инспирација за младите спортисти и за развојот на спортот во нашата земја“, пишува до семејството Георгиевски премиерот Спасовски.

— реклама —

— реклама —

Претседателот на Владата на Северна Македонија истакнува дека ништо нема да може да го надомести неговото отсуство, но ќе останат големите европски, светски и олимписки највисоки признанија со кои што Благоја Георгиевски Буштур беше наградуван за врвните остварувања во кошарката. Благоја Георгиевски Буштур со своето ентузијастичко учество даде огромен придонес и во работата на Македонската кошаркарска федерација и Македонскиот олимписки комитет.

— реклама —

„Ништо не може да ја надомести загубата со која се соочивте. Во овие моменти на жалост, од мое лично име и во име на Владата на Република Северна Македонија, дозволете да изразам искрено сочувство за големата загуба на Вашето семејство и да Ви упатам поддршка во овие тешки моменти“, пишува во телеграмата до семејството на Благоја Георгиевски Буштур што ја испрати претседателот на Владата, Оливер Спасовски.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања