Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Премиерот Заев ќе претседава со следниот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација на ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
4-1-1

На денешната седница, Владата на РСМ ја разгледа Информацијата за влијанието на БРЕГЗИТ на македонската економија и донесе заклучоци со кои го задолжи Министерството за економија, во соработка со Министерството за финансии и Царинската управа, до Владата на Република Северна Македонија да достават предлог на Одлука за воведување на автономни мерки, со условна примена од 30.3.2019 година.

Исто така, Владата ги задолжи Министерството за надворешни работи и Министерството за економија до Владата на Република Северна Македонија да достават информација за третманот на македонските стоки при извоз во Обединетото Кралство во случај на „тврд Брегзит“ и за изнаоѓање на решенија за увоз без царини на производи со македонско потекло.

— реклама —

На предлог на Министерството за финансии, Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои „Политиката за внатрешната финансиска контрола во јавниот сектор, со Акциски план за периодот од 2019-2021“ и го задолжи предлагачот, Министерството за финансии, во рок од еден месец да формира Комитет за мониторинг на спроведувањето на Политиката за внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор.

— реклама —

Документот „Политика за внатрешната финансиска контрола во јавниот сектор со Акциски план за перидот од 2019-2021“ е стратешки документ за понатамошен развој на системот за внатрешна контрола во јавниот сектор во Република Северна Македонија. Целта на овој документ е да ја дефинира рамката на современиот, соодветен и ефективен систем за јавна внатрешна финансиска контрола, вклучувајќи го и финансиското управување и контрола, внатрешната ревизија, централната координација и хармонизација и финансиска инспекција во јавниот сектор, како и да помогне за добро финансиско управување со јавните средства во Република Северна Македонија.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања