„Претрес“ на Зоран Витанов: Како пропаднаа шемите на Лајконет со која капитулираа куп Македонци?
6CWg-VZMIC8

Премиерот Заев се сретна со чешкиот премиер Бабиш

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
2-2

На маргините на Осмиот Самит на Шефови на Влади од земјите на ЦИЕ и НР Кина од процесот на соработка 16+1 се одржа билатерална средба помеѓу Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и владината делагација и Претседателот на Владата на Република Чешка, Андреј Бабиш.

— реклама —

Целта на средбата беше да се афиримираат воспоставените добри билатерални односи и да се отворат нови полиња на соработка во областа на економијата, евроатлантските интеграци на нашата земја, како и во областа на безбедноста и внатрешните работи. Во тој правец премиерот Заев ја спомeна неодамнешната официјална посета на вицепремиерот на Владата на Чешка, Јан Хамачек на Република Северна Македонија како важен поттик за унапредување на взаемната соработка.

— реклама —

„Оваа година навршуваме вкупно 25 години од воспоставување на дипломатски односи помеѓу нашите две земји. Република Чешка претставува голем пријател и земја поддржувач. Имаме голем потенцијал да ја зголемиме нашата економска соработка. Трговската размена помеѓу нашите две земји минатата година се зголемила за 10%. Чешките компании се добредојдени и ќе добијат поддршка и третман од државата еднакво како и домашните доколку се одлучат да инвестираат во Република Северна Македонија“, нагласи премиерот Заев.

— реклама —

Во однос на нашите евроатлантски интеграции и претстојната важна одлука за почеток на преговорите со Европската Унија, од страна на премиерот Бабиш беше изразено уверување дека Република Чешка ќе и ја пружи потребната поддршка и помош на нашата земја да се донесе позитивна одлука за почеток на преговорите.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања