Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Премиерот Заев со честитка до христијанските верници за празникот Успение на Пресвета Богородица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
28082019_PVRSM-Zaev_Uspenie-na-Presveta-Bogorodica_4

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска присуствуваше на црковна литургија во манастирот Св. Леонтиј во с. Водоча по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица. По тој повод премиерот Заев упати честитка до христијанските верници кои денеска празнуваат.

„Исполнети со радост, по Божествена литургија во чест на Мајката Божја, ја користам приликата да им честитам на сите православни Христијани и на сите Христијани воопшто, големиот празник Успение на Пресвета Богородица.

— реклама —

Го славиме со добрина, со радост, со љубов, затоа што отсекогаш така се славел. По тоа и го знаеме Празникот и треба секој ден да продолжиме да живееме, со добрина, со радост, со љубов. Нема проблем, нема предизвик, којшто не можеме да го совладаме ако пристапиме со добрина, со љубов, со радост.

Во името на тоа, да го живееме секој ден, да си помагаме, да си подаваме рака еден на друг, секогаш пристапувајќи еден со друг со добрина, со радост и со љубов. Нека е честит големиот празник Успение на Пресвета Богородица!“, се вели во честитката од премиерот Зоран Заев.

— реклама —

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања