Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Премиерот Заев со претставници на Здружението на судии: Постигнат договор за барањата на судиите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
zaev-sudii-1

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, придружуван од министерката за правда Рената Дескоска и министерот за финансии Драган Тевдовски, денеска се сретна со делегација на Здружението на судии, предводена од претседателот на здружението д-р Џемали Саити, судија во Врховниот суд.

— реклама —

На средбата, на која позитивно беа оценети заложбите и реформите насочени кон обезбедување независно судство, претставниците на судиите и на Владата постигнаа договор за формирање работна група со претставници од ресорните Министерства за изнаоѓање системско решение за платите на судиите.

Во таа насока, премиерот Заев со претставниците на судиите констатираа дека од септември ќе се реализира зголемување од пет проценти на платите на судиите и судските службеници, како и дека во тековниот Буџет има обезбедено околу 120 милиони денари за тековно исплаќање на надоместоците согласно Законот за судиите и судските службеници.

— реклама —

Премиерот Заев, заедно со министерот за финансии и министерката за правда, изразија уверување дека уште 120 милиони денари ќе се обезбедат со Ребаланс на Буџетот, и дека тие ќе бидат наменети за ретроактивни решенија на проблемите со надоместоците на судиите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања