„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Пренџов: Иако Владата наследи рекордни 12 милијарди долгови и блокирани сметки, сепак БДП повеќе не е 1%, бележи раст од 3%

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија

„Во изминатиот период од 2017-2024 година, според Светска банка, македонската економија растела во просек со 1,1% годишно. Честопати од оваа говорница зборував дека да не постои влада, да не постои државна управа, економијата сама од себе ќе расте повеќе од 1,1% во просек годишно. Она што ме интересира е она коешто беше објавено, она коешто е добро и позитивно, а тоа е дека конечно БДП не е 1%, како 7 години секоја година по еден процент“, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов, на седницата посветена за пратенички прашања и постави 3 прашања кон претседателот на Влада, Христијан Мицкоски.

— реклама —

Пренџов, во однос на првото прашање зборуваше во делот на економијата, односно она што значи подобар живот за граѓаните. Објасни дека иако Владата наследила рекордни 12 милијарди долгови и блокирани сметки, сепак БДП повеќе не е 1% и дека забележан е раст од 3% што значи движење во правилна насока.

„Она што ме интересира е она коешто беше објавено, она коешто е добро и позитивно, а тоа е дека конечно БДП не е 1%, како 7 години секоја година по еден процент. За само неколку месеци имаме 3% раст. Имаме најава и се објавени 8 нови инвестиции во рамки на македонската економија, се ветуваат поголеми плати, се реализираат поголеми пензии“ , дециден е Пренџов.

— реклама —

Пренџов објасни дека изминатиот период само се слушале најави, дека “ќе“ се гради нешто, но не виделе ништо реализирано, нешто од кое граѓаните ќе имаат корист, а повеќе од 30 милијарди евра биле потрошени. Оттука, Пренџов праша што во следната година ќе биде готово, што ќе биде реализирано, во поглед на инфраструктура, во енергетика, токму во интерес за граѓаните. Третото прашање се однесуваше токму за расчистување на криминалот и корупцијата и дали ќе продолжи со исто темпо.

„Она коешто покрај економијата, покрај подобриот живот, а граѓаните се интересираат тоа е право правда и расчистување со криминалот и корупцијата. Почитуван премиер, имавме многу јавно обелоденети сознанија и документи во изминатиот период за криминал во РЕК Битола, покрај овој епски криминал со Лотарија, разбивање на терористички ќелии и други девијантни појави коишто се случувале во македонското општество, а никој не ги пресекол. Ме интересира за случајот РЕК Битола, дали јавноста ќе дознае на кој начин се испумпувале парите на граѓаните од страна на РЕК Битола и нивното тогашно раководство“, заклучи Пренџов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ismail

Исмаил: ДКСК ја урива довербата - постои корупција кај антикорупционерите

Македонија | пред 1 година

26122024-Mickoski

Случајот „Адитив“ не е единствениот криминал во АД ЕСМ, ќе има и други случаи, јавноста ќе дознае кој ги крадел, кажа Мицкоски

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-26-174446

(Видео) Николовски до Ристески: Растат цените и трошоците за живот, зошто минималната плата не мрда?

Македонија | пред 1 година

Nikolovski1

(Видео) Николовски: Владините кошнички не даваат резултат, да се укине ДДВ за храна

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања