Промени тема
Контакт

Пренџов: „Каде е велелепниот економист на социјалдемократскиот сојуз Фатмир Битиќи, каде се Ковачевски, Оливер?“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryj9c9p30nj0hmcS0WAMG

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов, на денешната седница на Комисијата за финансирање и Буџет упати критики кон пратениците од СДСМ, оценувајќи дека нивните најекспонирани економски кадри не присуствуваат на расправата за ребалансот на Буџетот.

„Каде е велелепниот економист на Социјалдемократскиот сојуз, Фатмир Битиќи? Каде се Ковачевски, Оливер и останатите? Ако имаат аргументи против Буџетот, треба да дојдат и да ги кажат“, рече Пренџов.

— реклама —

Тој изјави дека економските показатели, според него, покажуваат позитивни резултати и ја спореди актуелната Влада со претходната.

„Просечниот раст на БДП во времето на СДС беше 1,1 процент. Денес економијата расте три и пол пати повеќе. Оваа Влада е три и пол пати поуспешна од вашата“, истакна Пренџов.

— реклама —

Пратеникот додаде дека растот на бруто-домашниот производ е основен показател за состојбата во економијата и оцени дека актуелните економски движења се доказ дека државата се движи во добра насока.

— реклама —

Во своето обраќање тој нагласи дека ребалансот на Буџетот, според него, е заснован на реални економски показатели, а критиките од опозицијата ги оцени како политички флоскули без конкретни аргументи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb4bmuac4akdd3uzavrX

Пренџов: Следниот обвинител на ОЈО ГОКК да го преиспита случајот што Абази го затвори, 14 луѓе загинаа, не може никој да не е виновен

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryvvt0vndhjivt0urA54z

Пренџов: Советот на Европа ја потврдува демократската зрелост на Македонија, нема потреба од техничка влада

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryj1acamb8l5p085OMXYH

Пренџов: Новиот државен јавен обвинител очекувам да ги открие сите сомнежи за сторен криминал на претходната власт

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryj1acamb8l5p085OMXYH

Пренџов: Инфлацијата е драстично намалена, работниците во јавните сектори ќе добијат покачување од 40%

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања