Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Прентовиќ: Со мерката „зелена нафта“ 200 милиони денари се враќаат кај 55.000 земјоделци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
IMG_6357

Се реализира уште една значајна мерка во областа на земјоделството а, тоа е „зеленатанафта“. Тоа е значајна мерка за субвенционирање на трошоците за набавка на нафта за земјоделците. Со мерката „зелена нафта“ опфатени се 55.000 земјоделци што имаат полјоделски и градинарски култури, овошни и лозови насади. Со оваа мерка значително се олеснува производството на земјоделците и им ги намалува трошоците за производство и механизација и ја зголемува нивната продуктивност и конкурентност, истакна Татјана Прентовиќ, пратеничка на СДСМ.

За прв пат со оваа мерка ќе овозможиме намалување во висина од 30 отсто од трошоците за набавка на гориво со можност понатаму овој процент да порасне и до 50 отсто од трошоците.

— реклама —

Оваа влада, предводена од СДСМ овозможува 200 милиони денари или над 3 милиони евра да се враќаат директно кај граѓаните. Она што е особено важно е што за зелената нафта можат да аплицираат сите земјоделци, независно дали се мали или големи производители. Тоа значи дека и оние кои имаат 0,2 хектари или 2 декари земјоделска површина нема да останат без зелена нафта.

По завршувањето на набавката на гориво за земјоделска механизација, земјоделците ќе можат да користат поевтино гориво при крајот на годинешната жетва и почетокот на есенската сеидба.

— реклама —

Зелената нафта значително ќе ги намали производствените трошoци, повеќе пари ќе останат кај земјоделците, но и позитивно ќе влијае на поголема конкурентост на нашите земјоделски производи.

Како одговорна партија продолжуваме со вистиснка грижа за земјоделците преку спроведување мерки кои го унапредуваат и развиваат земјоделството, истакна Татјана Прентовиќ, пратеничка на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања