Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Прентовиќ: Значително зголемени откупните цени, се вреднува и се цени трудот на земјоделците!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Prentovic

После 11 години потценување на  земјоделците, развојните и одржливи аграрни политики на Владата предводена од СДСМ даваат позитивни резултати. Се вреднува и се цени трудот на земјоделците. Тоа го потврдуваат и официјалните податоци.  Зголемена е вредноста на клучните извозно ориентирани земјоделски производи. Истовремено расте и побарувачката за македонските земјоделски производи, дома и но и на странскиот пазар, истакна  Татјана Прентовиќ, пратеничка на СДСМ.

— реклама —

— реклама —
Оваа година, откупната цена на краставицата во јули е зголемена за 145,8 проценти. Ако се спореди со  јуни 2013, кога ВМРО-ДПМНЕ го водеше земјоделскиот сектор, цената на краставицата е зголемена за 240 проценти. Кај доматите, откупната цена од минатата година е зголемена за 85,5 отсто. Во споредба со јули, 2015 година, цената на доматите е зголемена за 143 отсто.  Кај лубениците е забележан пораст на откупата цена за 115%, споредбено со јули 2015 година.

— реклама —

Оваа година, откупната цена на белото грозје е зголемена на 50 денари, а во 2016 година била 30 денари за килограм. Тоа е зголемување од 67 отсто.  Откупната цена на сливите, во јули оваа година е зголемена за 18,8 отсто споредбено со минатата година. За 31 отсто зголемена е откупната цена на пиперката.

Овие податоци се особено важни за овој период кога тече откупот на сезонското овошје и зеленчук. Правилните политики во земјоделството и напредокот на земјава на евро-интегративниот пат ја зголеми побарувачката на нашите производи на странските пазари.

Извозот на конзервиран зеленчук во 2018 година е зголемен за 6% и изнесува 42.4 милиони евра. За 19% е зголемена вредноста на извезената краставица и тоа најмногу на пазарите на ЕУ. Пораст на извозот од 16 отсто има и кај праските.

Повисоки откупни цени значат повеќе пари за земјоделците и повеќе средства во економијата. Владата предводена од СДСМ и надлежното Министерствот за земјоделство остануваат посветени на понатамошен развој на земјоделството во интерес на земјоделците.  ЗБОРОТ ВАЖИ,  истакна  Татјана Прентовиќ, пратеничка на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања