Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Препораки за безбедно возење во зимски услови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
50058551_294177651273110_9060604505892061184_n

За возење во зимски услови, секогаш е потребно многу поголемо внимание и поголема концентрација, пишува Канал 5.

— реклама —

Притоа, покрај поседување задолжителна зимска опрема, сите возачи кои ќе го прифатат предизвикот да возат во зимски услови, треба да располагаат и со oдредени знаења и вештини како безбедно да пристигнат до посакуваната дестинација. По тој повод Републичкиот Совет за безбедност во сообраќајот објави препораки за безбедно возење во зимски услови.

— реклама —

Потсетуваат дека во согласност со законските одредби, во Република Македонија, возачот на моторно возило, во периодот од 15 ноември до 15 март, задолжително треба да поседува зимска опрема во возилото.

— реклама —

Во задолжителна зимска опрема, за возила до 3500 kg, влегуваат зимски гуми кои мораат да имаат шара-длабочина на нагазниот слој од најмалку 4 милиметри или летни гуми со минимум длабочина на шарата од 4 мм и синџири за снег на погонските тркала.

Кога станува збор за зимските гуми, потребно е сите четири гуми на возилото да бидат со зимски профил. Зимски гуми се потребни и кога на патот нема снег или мраз бидејќи летните гуми поразлично се однесуваат при возење на ниски температури.

Разликата меѓу летните и зимските гуми, не е само во шарата на гумите, која кај зимските гуми подобро ги истиснува остатоците од снег и водата на коловозот, туку и во составот на гумата. Летните гуми при ниски температури стврднуваат и добиваат својства на „тврда пластика" и обезбедуваат многу слаб контакт со подлогата. За разлика од тоа, зимските гуми и при ниски температури остануваат меки и обезбедуваат постабилен контакт со подлогата.

Доколку се упатите во некој од ски-центрите, или тргнете на пат кој е на поголема надморска височина, задолжително сметајте на употреба на зимски ланци на погонските  тркала, посочуваат од РСБС.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања