Пресечен меѓународен транспорт на дрога, запленета марихуана во вредност од околу 600.000 илјади евра, приведени 6 лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
carina-droga-1

На 08.12.2021 полициски службеници од Бирото за јавна безбедност, и тоа Оддел за криминалистичка полиција - Единица за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, во координација со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога пресекоа меѓународен канал за транспорт на дрога од територијата на Р.Косово на територија на нашата држава, при што е запленета марихуана во количина од околу 200 килограми со вредност од околу 600.000 илјади евра, а лишени од слобода се шест лица, македонски и косовски државјани.

— реклама —

Како што соопшти портпаролот на МВР Сузана Прањиќ Талевска, на автопатот „Пријателство“, од страна на полициски службеници при извршен преглед на патничко возило „опел зафира“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.П.(51) од Скопје, биле пронајдени патнички куфери во кои имало 55 пакувања марихуана. Истовремено, при контрола на патничко возило „БМВ туран“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Р.(30) од Скопје биле пронајдени црни вреќи со вкупно 116 пакувања марихуана.

— реклама —

Во близина на бензинска пумпа биле сопрени две патнички возила, и тоа „мерцедес“, со струмички регистарски ознаки, управувано од О.А.(36) од Скопје, каде како сопатник бил косовскиот државјанин Џ.Љ., како и патничко возило „мини купер“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.А.(33) од Скопје, каде како совозач бил Б.Р.(24) од Скопје, кои биле ангажирани за да го обезбедуваат транспортот на дрогата.

— реклама —

Во консултација со Јавен обвинител, по добиена наредба од страна на Судија на претходна постапка на Основен кривичен суд Скопје извршен е претрес во дом кај Б.Р., при што биле пронајдени торба со 29 пакувања со марихуана, ќеса со марихуана, фантомка, дигитална вага и 11 куршуми, додека при извршен претрес во домот кај Е.А. пронајдени се еден сигнален пиштол марка „Екол“ 9мм со празна рамка, како и еден пиштол „Црвена застава“ 9 мм со една рамка со 10 куршуми за него, додека во куќниот двор било пронајдено патничко возило „БМВ“ донесено од Р.Косово без соодветна документација, при што од страна на Царинската управа е одземено за понатамошна проверка.

Денеска до надлежното Јавно обвинителство против лицата ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 и член 396 од Кривичниот законик.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања