Промени тема
Контакт

Пресудите за „Плацеви на Водно“ се нова потврда, ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2022-04-21-at-14.08.40

Пресудите во предметот „Плацеви на Водно“ се уште една силна потврда на она што граѓаните, македонската јавност, сите многу добро го знаат: ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија, вели СДСМ.

„Шефот на Мицкоски е осуден со нова судска пресуда од 7 години.

Перење пари, противправно богатење, криење имот па дури и злоупотреба на пари од членови на ВМРО-ДПМНЕ се кривичните дела што шефот Мицкоски ги сторил во овој судски предмет.

— реклама —

Овие кривични дела за коишто сега веќе има судска пресуда се направени и во 2015 година, период кога Христијан Мицкоски му бил советник на Никола Груевски.

— реклама —

По случаите „Тенк“ и „Насилство во Центар“ ова е трета пресуда со затворска казна за Груевски.

Но зошто молчи Мицкоски?

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ останува најкриминалната партија во Европа, а Мицкоски останува единствениот на браникот на криминалот“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања