Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Претепан сезонски работник од Македонија во Дубровник

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
kelner

Поради основано сомнение дека сториле кривично дело насилничко однесување, истражниот судија на Жупанискиот суд во Дубровник на пет млади момчиња од областа Дубровник им изрече мерка притвор до 30 дена, пренесува „Слободна Далмација“, додавајќи дека тие се обвинети дека ставиле четворица мажи – еден Хрват, двајца државјани на Босна и Херцеговина и еден државјанин на Македонија, во понижувачка положба со насилство, злоупотреба, и друго особено дрско однесување на јавно место.

— реклама —

Според судијата Пер Милоглав, портпарол на Жупанискиот суд во Дубровник, притворот е одреден во однос на начинот и околностите на извршување на кривичното дело насилничко однесување, бидејќи при физичкиот напад врз сезонските работници покажале екстремни агресивност, непромисленост и бруталност, како и поради опасност од повторување на кривично дело.

Предложен е притвор за Л.Ф.(22), Ј.Т. (19), Р.Т. (21), М.Г. (18) и Ј.К. (18).

— реклама —

Полицијата веќе извести дека бруталното претепување на четворица сезонски работници од синџирот хотели „Валамар Ривиера“ дошло по ноќно излегување и вербален конфликт во Пилес. Инцидентот се случил на 1 јули околу 5 часот пред ноќниот бар „Еликс“, кога сезонските работници за да избегнат понатамошен конфликт со такси го напуштиле местото и отишле во нивниот сместувачки објект во месноста Бабино кук, зграда во близина на кружниот тек во Солитуд.

— реклама —

Но, групата осомничени ги следела и откако работниците се симнале, физички ги нападнале и на тројцата им нанеле полесни физички повреди.

Додека физички ги удирале, осомничените ги навредувале на национална основа, со што кај жртвите се создавало чувство на страв, понижување и нарушено достоинство.

— реклама —

Младите насилници се уапсени и предадени на надзорникот на притворот на СВР Дубровник-Неретва, по што се изведени пред дежурниот судија, кој им одредил мерка притвор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 9 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 9 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања