Времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен, а во источните делови засилен ветер од југоисточен правец.
Попладне и во вечерните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер и град.
Дневните температури ќе се движат од 21 до 29 Целзиусови степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност, попладне со пороен дожд, грмежи и засилен ветер и температура од 26 степени.
Утре и во вторник во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а стабилно ќе биде во среда.