Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Претрес во Ајватовци: откриена мини-плантажа со канабис

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
2022-08-06_10-08-35-098

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 47-годишен маж, осомничен за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, кривично дело по член 215 став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Според обвинителството, осомничениот во дворот на својата куќа во селото Ајватовци, под фолија одгледувал осум растенија канабис. При претрес извршен на 16 септември, полицијата пронашла пет растенија засадени во земја и три во кофи, во свежа состојба и високи од 100 до 260 сантиметри.

— реклама —
— реклама —

Во спалната соба, пак, осомничениот имал импровизирана просторија за сушење, со метална конструкција, филтер за воздух и два вентилатори. Таму во моментот на претресот сушел седум грама марихуана. Дополнително, на скалите од куќата било пронајдено сито со уште 17,4 грама од истата дрога.

— реклама —

Поради опасност од бегство и можност повторно да го изврши делото, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3b651hlbrs9u6sf7rRv

Два случаи на насилство меѓу партнери во Битола

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-library442u516q70206nazeAm

74-годишна жена тешко повредена откако била удрена од автомобил во Битола

Македонија | пред 1 час

media-library45vicbt77qoq0tf9ti2

Тетовец измамен за 6.800 евра при купување „Ауди А5“ преку германска интернет-страница

Македонија | пред 1 час

media-library3i20nhhgf8a46Z9a23V

Приведен 49-годишен скопјанец во Драчево, во автомобилот му пронашле дрога и вага

Македонија | пред 2 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања