Четири лица се лишени од слобода по полициски претрес во Куманово, при кој биле пронајдени повеќе пакувања со бела грутчеста материја и други предмети.
Според информациите од МВР, на 26 септември во 00:50 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје и од мобилниот тим „Task Force“ при СВР Куманово ги лишиле од слобода Р.С. (45) од Куманово, Т.К. (45) од село Романовце, Н.А. (39) од Куманово и 39-годишната М.К. од село Биљановце.
Претресот бил извршен во домот на Р.С., со судска наредба. Во објектот биле затекнати и останатите три лица, а при претресот биле пронајдени повеќе пакувања со бела грутчеста материја и други предмети.
Четворицата биле приведени во полициска станица. Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.