Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Претрес во Скопје, пронајдена марихуана и вага со остатоци од кокаин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
marihuana

Постапувајќи по поднесена кривична пријава, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —
— реклама —

На 16 февруари, при претрес во домот на осомничениот 41-годишник на улицата „Загрепска“, полицијата пронашла 132,4 грама марихуана, како и повеќе исушени, искршени и деумно соголени гранчиња од растението канабис. Исто така, пронајдена е и дигитална вага со остатоци од кокаин.

— реклама —
— реклама —

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор спрема осомничениот. Судот, ценејќи ги околностите, донесе решение со кое на осомничениот му определи мерка куќен притвор.​

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања